Магазин 20. јануари 2021. / 15:38

Брестовац направи промена, Серафимов дел од тимот против Словенија

Брестовац направи промена, Серафимов дел од тимот против Словенија

Македонската ракометна репрезентација се соочува со Словенија во првиот натпревар од главната фаза на мундијалот што се одржува во Египет.

За пресметката во Каиро закажана за 15:30 часот селекторот Данило Брестовац се одлучи да направи промена во составот, па така крилото Цветан Кузманоски ќе се пресели на трибнините, додека пак неговото место ќе го заземе бекот Мартин Серафимов.

Членот на Металург е во протоколот и секоко е уште едно име на надворешните позиции кои Брестовац ќе може да го користи. Кога е во прашање пак позицијата лево крило тука на денешната средба ќе биде присутен само Димитар Димитриоски.