Магазин 12. јануари 2020. / 18:23

Брестовац: Лошиот почеток на второто полувреме го одлучи победникот

Брестовац: Лошиот почеток на второто полувреме го одлучи победникот

Селекторот на македонската ракометната репрезентација, Данило Брестовац, истакна дека лошата игра во периодот од неколку минути на стартот од второто полувреме била клучна за првиот пораз на Европското првенство во Виена во кој Македонија загуби од Чешка со 27-25.

Мислам дека натпреварот го загубивме на почетокот од второто полувреме кога противникот со серија 6-1 комплетно го сврте текот на настаните – изјави селекторот Брестовац на прес-конференцијата по натпреварот.