Магазин 23. јануари 2021. / 13:48

Брестовац: Кузмановски треба да биде лидер и наследник на Лазаров

Брестовац: Кузмановски треба да биде лидер и наследник на Лазаров

Како и пред секој натпревар, денеска повторно зборуваше селкторот Данило Брестовац, кој истакна дека Филип Кузмановски треба да биде нов лидер на репрезентацијата и наследник на Кире Лазаров.

– Кузмановски полека се наметнува да биде предводник на оваа екипа, во овој момент тој е најсериозен кандидат да ја превземе улогата на Кире Лазаров по неговото заминување, рече селекторот Брестовац.

Македонија ја чека уште еден натпревар на Светското првенство после двата порази од Словенија и Русија во втората фаза од Мудијалот. Последниот натпревар на СП Македонија ќе го игра утре против Белорусија.

– Со Русија лошо влеговме во натпреварот, изгледавме лошо на теренот. Не ми се допадна како започнавме, во тие моменти натпреварот беше решен. За секој натпревар тука мората да бидете добро припремени. Симптоматично ми е што имавме проблеми и во Австрија минатата година… Можам да забележам дека една слика прикажуваме во квалификациите, а друга во турнирските настапи. Имаме големи проблеми за утре, ќе видиме кој ќе игра. Ќе се поделиме на тренинг и ќе видиме со што располагаме, истакна Брестовац.

Дуелот со Белорусија го играме утре од 15:30 часот.