Магазин 19. јануари 2020. / 13:57

Бред Пит сам ќе го дизајнира костумот што ќе го носи на доделувањето на Оскарите

Бред Пит сам ќе го дизајнира костумот што ќе го носи на доделувањето на Оскарите

Бред Пит е главното лице на новата кампања на италијанската модна куќа Бриони, каде што позира во одело кое што можеби ќе го носи и на доделувањето на Оскарите.

Актерот, кој неодамна ја освежи кариерата со улогата во „Беше еднаш во Холивуд“, ја одбележа својата прва модна кампања, откако претходно се појави во рекламата за парфеми „Шанел 5“.

Покрај рекламата за костуми, Пит ќе се обиде и во дизајнот.

Бриони ќе издаде линија на ексклузивни предмети „Бред Пит“, вклучувајќи ограничена колекција на костуми и друга гардероба.