Во денови кога смртта се сфаќа прелесно, не како загубен човечки живот, туку само како бројка, од Бразил стигна потресна вест. Починал 22-годишен фудбалер додека бил на физиотерапија.
Станува збор за Тијаго Кортес, играчот на Гуарани, во втората бразилска лига. Според медиумите кои ја пренесоа веста, Кортес починал вчера, на 13 април, за време на физиотерапевтска сесија. Едноставно му се слошило, загубил свест и починал. Точните причини за смртта не се објавени.
Кортес се опоравувал од повреда на коленото, која ја стекнал неодамна, а пред почетокот на сезоната ги поминал сите медицински тестови, без да покаже знаци за какви било хронични проблеми со здравјето.
Фудбалската сезона во Бразил е стопирана поради пандемијата со коронавирусот, како и во повеќето земји во светот. Гуарани се натпреварува во втората лига.
O Guarany está de luto ?
Faleceu na tarde desta segunda (13), em Florianópolis nosso zagueiro Tiago Cortes. O atleta estava compondo o elenco atual do clube. Sua partida nos deixa consternados.
Desejamos muita força para a família de Tiago.
Descansa em paz, Cortes. pic.twitter.com/aG6YWYpMJZ
— Guarany F.C. (@guaranyrs) April 13, 2020