Магазин 12. јуни 2019. / 16:38

Борозан како губитник ќе се врати во Скопје

Борозан како губитник ќе се врати во Скопје

Веспрем се враќа во СЕХА лигата од следната сезона! Пишува порталот 24rakomet.mk. Унгарскиот гигант во регионалната конкуренција играше три сезони, од 2014 до 2017 година. Во првите две сезони ја освојуваше титулата, додека во третата беше вицепрвак откако загуби од нашиот Вардар.

„Веспрем Арена“ беше домаќин на завршниот турнир во 2015 година, а сега повторно ќе биде кандидат за нов Ф4 во СЕХА. Деновиве се очекува да биде комплетирана листата на учесници во СЕХА, а последниот учесник најверојатно ќе биде Олимпијакос.

Борозан на сред сезона го напушти Вардар, за да потпише за Веспрем, со тоа пропушти шанса со Вардар да стане европски шампион.