Магазин 01. февруари 2020. / 18:50

Бонучи: Кога играв за Милан тогаш видов колку голем клуб е Јувентус

Бонучи: Кога играв за Милан тогаш видов колку голем клуб е Јувентус

Леонардо Бонучи и сезонава е клучен играч во одбраната на Јувентус, а искусниот дефанзивец во интервју за италијанските медиуми се осврна и на времето минато во дресот на Милан.

Читав многу коментари за мојата преселба во Милан, потоа и за враќањето назад. Сакам да знам што мислат луѓето, не се лутам дури и доколку се далеку од вистината. А вистината е дека сите мои избори имаа свои последици, јас не побегнав од мојот дел од одговорноста. Она што можам да кажам дека во таа година како член на Милан станав подобар човек, но и увидов колку голем клуб е Јувентус, изјави Бонучи.