Магазин 23. октомври 2020. / 21:30

Бoливија доби претседател: Луис Арсе и официјално победник на претседателските избори

Бoливија доби претседател: Луис Арсе и официјално победник на претседателските избори

Врз основа на официјалните резултати од претседателските избори во Боливија, кои беа објавени денес, победи социјалистот Луис Арсе со 55,10 проценти од гласовите, додека неговиот главен ривал Карлос Меса освои 28,83 проценти од поддршката на гласачите.

Резултатот ја потврдува предноста на Арсе од над 20 поени пред неговиот ривал и означува враќање на Боливија налево во однос на конзервативната преодна влада што ја водеше земјата откако минатата година беше симнат од власт долгогодишниот лидер Ево Моралес, објави Ројтерс.

Социјалистичката партија на Арсе, МАС, веќе прогласи победа, а Меса во понеделникот го призна поразот.