Магазин 29. јуни 2020. / 11:31

Близу Париз откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

Близу Париз откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

Тим од француски научници идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на коронавирусот, но велат дека нема опасност дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на онаа предизвикана од коронавирусот.

Вирусот е откриен во болница близу Париз кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис а инфекцијата го добила името „вирус Кристоли“, по предградието на Париз во кој е идентификувана, пренесува Франс 24.

Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за тоа за што е одговорен вирусот, затоа што починатиот жена имала неколку основни болести.

Тие посочија дека засега е познат само еден случај и дека, доколку има повеќе во иднина, ќе биде можно да се добие појасна идеја за тоа како клиничката слика е поврзана со тој вирус.

Новиот вирус припаѓа на вид вируси кој најчесто го шират комарци. Покрај методот на откривање, новиот вирус има малку заедничко со коронавирусот.