Магазин 04. јануари 2021. / 12:14

Бесен од отказот, се вратил во фабриката и со багер уништил 50 возила

Бесен од отказот, се вратил во фабриката и со багер уништил 50 возила

Поранешен работник од фабриката Мерцедес во Виторија, Шпанија, украл багер од градилиште и се упатил кон неговата поранешна компанија, оддалечена околу 20 километри.

Откако ја пробил оградата, со багерот тргнал кон туку што произведени комбиња Мерцедес кои биле паркирани во кругот на фабриката.

Резултатот е над 50 сериозно оштетени примероци на моделите „Вито“ и „В-Класа“, кои се произведуваат во оваа шпанска фабрика, и штетата, која во моментов се проценува на повеќе од 2 милиони евра.

Работникот на крајот бил уапсен и обвинет за повеќе кривични дела. Според локалните медиуми, среќна околност е што инцидентот се случил во време кога погоните не работеле, а околу фабриката биле само службите за безбедност и одржување, така што немало повредени или жртви.

Точните мотиви на неговите постапки ќе бидат познати кога тој ќе се појави пред судија.