Инаугурацијата на Џо Бајден го покажа целиот моден луксуз кога станува збор за скапите светски брендови. Сепак, деталите што го привлекоа вниманието на сите за време на инаугурацијата беа ракавиците на Берни Сандерс.
Рачно изработените ракавици се дело на Џен Елис, жена која живее во Вермонт. Исклучително се радуваше што го виде Сандерс како ги носи нараквиците за време на инаугурацијата, иако ги носи години наназад.
Откако медиумите нашироко пишуваа за познатите ракавици, а Берни и неговите ракавици се главен тренд на Интернет. Многумина се прашуваат како нејзините ракавици стигнаа до Сандерс.
“Снаата на Сандерс управува предучилишна установа недалеку од мојата куќа и нашата ќерка одеше таму на училиште. Во една прилика направивме подароци за воспитувачи, па направивме дополнителен пар кога Берни изгуби во трката за претседател во Демократската партија на Хилари Клинтон”, призна таа.