Магазин 14. февруари 2020. / 14:00

Бенкси со ново улично уметничко дело во Бристол, Англија

Бенкси со ново улично уметничко дело во Бристол, Англија

Сликата што осамна на ѕид од куќа во Бристол, Англија, се покажа дека е на познатиот уличен уметник Бенкси.

На ѕидот е нацртана девојка која со чатал штотуку исфрлила сноп цветови неколку метри во воздух. Бенкси самиот откри дека делото е негово, објавувајќи слики на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy) on

Кели Вудраф, чиј татко го поседува имотот, рече дека сега сакаат да го заштитат „специјалното дело“ од наближувањето на бурата Денис.

– Бидејќи е Денот на вљубените, сликата е навистина посебна и тоа што го имаме во 3-Д, па со цвеќињата, сè тоа е неверојатно, изјави Вудраф.

Taa ce обратила до градските власти, но тие рекле дека „не можат да понудат совети за помош“ околу заштитата на сликата на ѕидот.