Магазин 14. декември 2020. / 14:50

Барслона против ПСЖ најатрактивна двојка во Лигата на шампионите

Барслона против ПСЖ најатрактивна двојка во Лигата на шампионите

Во седиштетео на УЕФА во Нион, денес се одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Најмногу внимание привлекува дуелот на шпанскиот и францускиот фудбалски гиганти Барселона и Пари Сен-Жермен.

Двојките се:
Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити
Лацио – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Челзи
Лајпциг – Ливерпул
Порто – Јувентус
Барселона – ПСЖ
Севиља – Борусија Дортмунд
Аталанта – Реал Мадрид.

Првите натпревари од 1/8 финалето се закажани за 16, 17, 23 и 24 февруари, реваншите на 9, 10, 16 и 17 март