Барнли го победи Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со 1:0, резултат кој е најголемо изненадување во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата. Тимот кој сезонава ќе се бори за опстанок направи чудо, откако успеа да се одбрани од сите напади на домаќините, а со погодокот на Ешли Барнс во 83 минута од пенал стигнаа до неочекувана победа.
Ливерпул имаше низа од неверојатни 68 меча без пораз на „Енфилд Роуд“ и никој пред денешниот меч не очекуваше дека токму Барнли ќе успее да ја стопира таа неверојатна низа. Англискиот првак имаше 55 победи и 13 нерешени, се до вечерва кога се појави храбриот Барнли.
По овој пораз, дефинитивно се потврди дека англискиот првак е во криза. Ливерпул во последните пет меча во Премиер лигата има освоено само три бода, а неверојатна е бројката од 440 минути без дадено гол.
Кристал Палас беше последниот тим кој се радувал на „Енфилд роуд“ и тоа во април 2017 година кога славеше со 2:1. Сега Барнли може да се пофали дека е последниот тим кој се радувал на легендарниот стадион во Англија.