Српскиот фудбалски првак Црвена Звезда наскоро може да направи трансфер-бомба затоа што се најавува ангажман на Марио Балотели.
Српски „Курир“ пишува дека најтрофејниот српски клуб е можна дестинација за 29-годишниот контроверзен Италијанец, кој во јануари ќе биде слободен да преговара со клубови затоа што истекува неговиот договор со Бреша.
Станковиќ добро го познава Балотели, со оглед на тоа што двајцата играа заедно во Интер. Некогашната голема италијанска фудбалска надеж има примања од 900.000 евра по сезона, сума која Звезда може да си ја дозволи.
Навивачите на Црвена Звезда очекуваат многу од Дејан Станковиќ, поради неговите познанства и поради неговото реноме во светскиот фудбал. Останува да видиме дали во јануари белграѓани ќе успеат да го ангажираат некогашниот италијански репрезентативец.