Македонската балерина Стефанија Гаштарска (18) стана дел од ансамблот на многу посакуваниот руски театар „Болшој“ во Москва. Таа настапи на сцената на овој театар уште пред две години како солистка.
Гаштарска заврши основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и од мала бележи големи меѓународни успеси. Средното музичко го заврши во Русија, една година во градот Перм, а потоа три години била дел од академијата „Бољшој“.
Ми се оствари сон од детството, вели Стефанија, која информацијата дека станала дел од Болшој ја доби додека е во Скопје со своето семејство.
Академијата „Болшој“ работи под капата на театарот „Болшој“ и сите годишни испити ги следи директорот на театарот, кој воедно ја извршил селекцијата на Гаштарска.