Во Нови Сад направен мурал со ликот на Ѓорѓе Балашевиќ.
Автор е уметникот Урош Штрбоја, кој покрај портретот на музичарот испишал и стихови од познатата песна „Успаванка за дечака“.
Познатиот српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец почина на 19 февруари, а оваа тажна вест го растажи регионот. Два дена подоцна Балашевиќ беше погребан на гробиштата во Нови Сад.
Патем, жителите на Нови Сад сè уште се собраат пред куќата на панонскиот морнар, оставаат свеќи и цвеќиња, како и пораки.

Пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ се лекуваше на Инфективната клиника во Белград откако развил пневмонјиа. Тој десетина дена се лечел дома од воспаление на белите дробови, но сега состојбата му се влошила. Сепак семејството не соопшти дали пневмонијата на славниот „панонски морнар“ е резултат на зараза од Ковид-19 или се работи за сезонски грип или обична настинка.
View this post on Instagram