Компанијата „Боинг“ објави софтверски измени на својот контроверзен систем, кој е поврзан со фатални падови на два авиони тип „737 макс“ во последните пет месеци.
Сеуште не е познато дали на овие авиони ќе им биде дозволено повторно да летаат, откако се приземјени ширум светот.
Истражувачите сеуште ја немаат утврдено причината за падот на авионите, пренесува Би-Би-Си.
Како дел од надоградувањето, „Боинг“ ќе стави систем за предупредување како стандардна опрема. Оваа технологија до сега била на листата на дополнителна опрема.
Ниту еден од авионите кои паднале немале ваков систем за предупредување, кој има задача да ги предупреди пилотите кога сензорите даваат контрадикторни податоци.
„Боинг“ соопшти дека авиопревозниците нема да плаќаат дополнително за вградувањето на овој безбедносен систем.