Магазин 29. јануари 2020. / 21:14

(АУДИО) Снимка од последните секунди пред да се урне хеликоптерот на Коби Брајант

(АУДИО) Снимка од последните секунди пред да се урне хеликоптерот на Коби Брајант

Жена од елитна населба на периферијата на Лос Анџелес ги снимила последните моменти пред да се урне хеликоптерот во кој животот го загуби Коби Брајант со уште осум други лица помеѓу кои и тричлено семесјтво.

Рона Ливит, чија надзорна камера ги снимила звуците од последните секунди на хеликоптерот пред да се урне, материјалот им го преддала на истражителите. На снимката има само аудио запис, се слуша моментот кога хеликоптерот се забива во ридот. На снимката се гледа дека хеликоптерот се урнал во 9.45 часот по локално време.