Магазин 05. февруари 2020. / 15:49

(АУДИО) Лошите временски услови причина за несреќата на Коби Брајант

(АУДИО) Лошите временски услови причина за несреќата на Коби Брајант

Властите ги објавија повиците за помош (911) што беа направени само неколку моменти по хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум други лица минатата недела во Калабасас, Калифорнија.

Повиците, кои ги објавија неколку новински станици во Лос Анџелес, го истакнуваат фактот за тоа колку било лошо времето тоа утро.

„Можев да го слушнам леталото, како да е во облаците, но не можев да го видам“, вели еден јавуваач, преку КТЛА. „Тогаш само слушнавме бум и мртов звук, и веднаш потоа можев да го видам пламенот“.

Другите лица што се јавиле кажале дека можеле да го чујат хеликоптерот, но не и да го видат.

„Помина над мојата глава. Облаците беа многу густи. Тогаш слушнав тресок и звукот го снема“

Податоците за летот покажуваат дека хеликоптерот кружел повеќе од 10 минути додека чекал дозвола за слетување.

Пилотот Ара Зобајан бил искусен, но хеликоптерот не бил опремен со систем за тревога на терен, кој можел да му каже кога се приближувал кон земјата пред да се урне.

Националниот одбор за безбедност при транспорт сè уште ја испитува несреќата која може да трае неколку месеци. Засега се укажува на тоа дека лошите временски имале голема улога во несреќата.