Магазин 17. октомври 2019. / 01:01

Атрактивната сопруга на Меси покажа длабоко деколте (ВИДЕО)

Атрактивната сопруга на Меси покажа длабоко деколте (ВИДЕО)

На доделувањето на годинешната Златна копачка , Лео Меси беше заедно со атрактивната сопруга Антонела Рокуцо и синовите Матео и Тијаго.

Дечињата беа воодушевени од манифестацијата, а нивната згодна мајка блескаше во фустан, кој имаше длабоко деколте. Среќното семејство позираше пред стотиците фотографи, а обожавателите на Меси го пофалија изгледот на неговата сопруга, која има родено три деца.

“Честитки. Заслужуваш повеќе од ова. Горда сум што ја освои шестата златна копачка”, напиша сопругата Антонела на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

Así ha recibido @leomessi su sexta Bota de Oro 🏆👟 #LaSextadeMessi

A post shared by MARCA (@marca) on

На социјалните мрежи почнаа да се шират и фотографии на кои се гледа како Меси зјапа во градите на Антонела, но тоа не беше случај. На видеото јасно се гледа дека погледот му бил насочен кон микрофонот што го држи еден од неговите мали синчиња.