Магазин 18. февруари 2020. / 11:50

Атлетико Mадрид се ,,засили” пред дуелот со Ливерпул

Атлетико Mадрид се ,,засили” пред дуелот со Ливерпул

Атлетико Мадрид го објави списокот на фудбалери за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

Надвор од тимот се играчите од средниот ред, Жоао Феликс и Хектор Херера, како и дефанзивецот Киран Трипиер. Напаѓачот Диего Коста, кој не играше од ноември, се враќа во комбинација за настап.

Натпреварот Атлетико – Ливерпул ќе се одигра вечер на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид со почеток во 21 часот.