Магазин 19. август 2020. / 22:22

Атина и Анкара најсериозни кандидати за домаќин на Ф8 на ФИБА Лигата на шампионите

Атина и Анкара најсериозни кандидати за домаќин на Ф8 на ФИБА Лигата на шампионите

Атина, односно „ОАКА Арена“ важат како главни кандидати за добивање на организацијата на финалниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите.

Се очекува многу скоро менаџментот на натпреварувањето да ја донесе и конечната одлука како да биде продолжено ова натпреварување кое беше прекинато поради пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Многу извесно е дека Атина ќе ги дочека најдобрите осум екипи од најквалитетното натпреварување организирано од страна на ФИБА. Најчесто разгледуваните термини се оние во периодот од 28 септември до 4 октомври.

„ОАКА Арена“ и Атина веќе беа во една таква улога на организатори на завршниот турнир во 2018 година. Освен тоа, како главна предност е фактот дека во Грција постои можност овој турнир да се игра и со присуство на публика, секако, со добивање на „зелено светло“ од страна на надлежните здравствени и безбедносни органи во оваа земја. Секако тоа со ограничен број, согласно со локалните протоколи за спорт.

А во случај тоа да не биде изводливо, како втора опција, и кандидат за организација на Ф8 се појавува Анкара, односно Турк Телеком. Од овој клуб изразиле подготвеност за добивање на организацијата, а таа нивна желба е комплетирана и со неколку атрактивни трансфер-потписи.

ФИБА Лигата на шампионите беше прекината по одигрувањето на првите две кола од ТОП 16 фазата.