Магазин 23. јануари 2020. / 15:40

Атиџе: Можеби Бред Пит ќе сака мене да ме запознае

Атиџе: Можеби Бред Пит ќе сака мене да ме запознае

Атиџе Муратова е спремна за Холивуд. Се надева дека Холивуд е исто така спремен за неа и за „Медена земја“ откако документарецот за нејзиниот фасцинантен живот како пчеларка која одгледува диви пчели во зафрленото напуштено овчеполско село Бекирлија, победи на фестивалот „Санденс“ во САД и освои највисоки меѓународни признанија и одлични критики, пишува Женски Магазин.

Очекувам победа и два Оскара – оптимистична е Атиџе пред тргнувањето за Америка, на најпрестижното филмско доделување во светот.

На денешната кратка средба во МКЦ, специјално за „Женски магазин“, главната хероина, без никаква трема и со широка насмевка, откри дека одвај чека да прошета по црвениот килим со останатите светски ѕвезди. На нашето прашање кој актер или актерка сака да ги запознае, дали е тоа Бред Пит, таа шармантно ни одговори: „Можеби Бред Пит ќе сака мене да ме запознае“.

Целиот текст на Женски магазин можете да го прочитате ТУКА.