Магазин 15. април 2020. / 12:54

Астрономи ја забележале досега најсилната супернова

Астрономи ја забележале досега најсилната супернова

Астрономите ја забележале досега најсилната супернова, а најголемата досега регистрирана експлозија на ѕвезда е десет пати посилна од нормалната супернова и 500 пати посветла.

Ова го објавија научници од Велика Британија и САД во истражување објавено во списанието „Nature Astronomy“.

Астрономите од Универзитетот во Бирмингем и од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан во САД го опишаа нивното откритие, наречено „SN2016aps“, како „исклучително моќна супернова на масивна ѕвезда“.

Освен по својата големина и раскош, таа била „спектакуларна“ и по други својства – вели коавторот на истражувањето Едо Бергер од Универзитетот во Масачусетс.

Таквата супернова емитува само еден процент од својата енергија во видлива светлина, но „SN2016aps“ емитува многу поголем дел од вообичаено.

Научниците проценија дека „SN2016aps“ има енергија како 200 квадрилиони гигатони ТНТ експлозив.

Научниците велат дека експлозии како оваа би можеле да ни помогнат да научиме за супермасивните sвезди што можеби постоеле во раниот универзум.