Даница Дана Крстеска од Гостивар прв пат се претставува со свои слики преку самостојна изложба во уметничката галерија во Тетово.
Изложбата што беше отворена вчера и ќе трае до крајот на неделата, е насловена „Артетипови и сенки“. Станува збор за 20 дела масло на платно, работени изминатите две години.
Ги насловив делата „Артетипови и сенки“ затоа што уметничкиот израз додека ги работев овие слики беше условен од несвесното. Си дадов слобода малку да избегам од вообичаеното и делата попримија изглед на надреални, што досега не сум работела. Тематика е патот низ времето, нашата минливост низ времето. Велат дека времето минува, но минува ние низ времето. Тоа некако ме обзема, тие размислувања и секогаш кога творам тоа ми е во подсвеста, вели Даница Дана Крстеска.
Ова е четврта самостојана изложба на Крстеска. Досега се претставила во Гостивар во 2016 и 2018 година и во Скопје во 2018-та.