Археолошкиот музеј соопшти дека од денеска повторно е отворен за да прима посетители.
Сешак, како што истакнуваат од музејот, посетителите задолжително ќе мора да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 и на протоколот за посета на музеј.
Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително е дезинфицирањето на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането е допирање на изложените експонати – соопштија од Археолошкиот музеј, кој за јавноста беше затворен од средината на март.
Музејот му се заблагодарува на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин и на тимот на Амбасадата на Руската Федерација за покажаната општествена одговорност со донирање бесконтактен апарат за дезинфекција на раце.
Апаратот е поставен на самиот влез на музејот, со што на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета на нашата постојана поставка – истакнуваат од Археолошкиот музеј.