Магазин 23. јули 2020. / 13:00

„Антолог“ денеска го промовира крими-романот „Виенски гамбит“ од Анде Јанков

„Антолог“ денеска го промовира крими-романот „Виенски гамбит“ од Анде Јанков

Во издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје вечер ќе биде промовиран крими-романот „Виенски гамбит“ од младиот македонски автор Анде Јанков.

За романот, кој е приказната за 33-годишниот Виктор Николов, инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје, од „Антолог“ велат дека е интригантен, тензичен и непредвидлив до последната страница.

Анде Јанков (1988, Велес) дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, но има афинитет за пишување од најмала возраст и е автор на кратки раскази.  Неговиот прв роман, „Едно лето на Крит“, од 2016 година во издание на „Култура“, ја доби наградата „Романијада“. Јанков живее и работи на релација Скопје – Штутгарт и го пишува својот трет роман.