Магазин 18. март 2020. / 14:13

Антикорона мерки – Аргентина го забрани тангото на две недели

Антикорона мерки – Аргентина го забрани тангото на две недели

Аргентина е далеку од државите со голем број заразени со корона вирусот, но наспроти тоа презема мерки за ограничување на пандемијата. Училиштата се затворени, а исто и границите. Во Буенос Ајрес, пак, на две недели го забранија и националниот танц – тангото.

Претседателот Алберто Фернандес на Твитер напиша:

-Ние сме топло општество, кое прегрнува и бакнува, но сега својата приврзаност треба да ја покажеме без физички контакт.