Магазин 19. август 2020. / 20:54

Англичаните во паника,фудбалерите со забавите го вратија коронавирусот во Премиер лигата

Англичаните во паника,фудбалерите со забавите го вратија коронавирусот во Премиер лигата

Според англискиот весник „Телеграф“ на последното тестирање спроведено врз фудбалерите од Премиер лигата, има двоцифрен број на позитивни случаи на коронавирус.

Фудбалерите се тестирани веднаш по започнувањето на подготовките за новата сезона, а резултатите покажаа дека 12 фудбалери се позитивни.

Според медиумите во Англија, причината за позитивните тестови се поради тоа што голем број на играчи заедно го поминувале одморот и не често беа дел од „лудите забави“ на монденските летувалишта.

Најпознати фудбалери кои беа уловени како се забавуваат и тоа на Миконос се Џек Грилиш од Астон Вила, Џејмс Медисон од Лестер, како и фудбалерите на Челси односно Вест Хем, Џејсон Маунт и Деклан Рајс.