Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред квалификациските дуели со Австрија и Израел вели дека ќе македонскиот тим ќе се бори за бодови, но дека мора да се размислува и за плејоф-дуелот со Косово.
– Ќе се бориме за бодови, но мора да мислиме и за плејофот со Косово бидејќи немаме пријтелски дуели по овие два натпревари. На овие мечеви ќе треба тактички да се довоиграме, иако мислам дека сме доволно воиграни – вели селекторот.
Ангеловски изрази задоволство од досегашниот настап во квалификациите.
– Имаме 11 бода. Се надевам дека пласманот на крај ќе биде и слика за тоа како одигравме во квалификациите – вели Ангеловски.
Фудбалска репрезентација на Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020. На 16. ноември гостуваме кај Австрија, а три дена подоцна го пречекуваме Израел.