Магазин 13. May 2019. / 10:41

Андреа се приближува кон Македонија – обилни дождови, поплави и торнада

Андреа се приближува кон Македонија – обилни дождови, поплави и торнада

Поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер, град, поплави и опасност дури и од торнада со себе носи бурата Андреа која особено од денес и тоа како ќе влијае на времето кај нас и во регионот, анализира Славчо Поповски.

Локално се очекува во текот на следните часови да наврнат и над 100 л.м2 воден талог а на некои места дури и над 150 л/м2 со што растат условите за локални поплавувања како и за зголемување на нивоата на реките и езерата и локално нивно излевање, се очекува и нестабилна облачност проследена со интензивни поројни врнежи, силни грмежи, силен ветер и појава на град додека во делови од регионот и тоа особено во соседна Србија како и во Босна и Херцеговина но и во Хрватска има услови и за формирање на суперќелии односно олујни системи кој би можеле да условат и формирање на торнадо.

Поради значителниот пад на температурите повторно на високите места се очекуваат врнежите од дожд да поминат во врнежи од снег со што се очекува и формирање на нова снежна покривка, снег на највисоките планински места се очекува и во државава и тоа особено на запад и на северозапад. Во Македонија пак локално се очекува да наврнат од 50 до 100 л/м2 воден талог со што растат условите за поплавувања, особено вакво огромно количество на воден талог се очекува во западната половина од државава.