Магазин 26. март 2020. / 10:29

Ана Ивановиќ на Србија ќе и подари 35 респиратори

Ана Ивановиќ на Србија ќе и подари 35 респиратори

Во соседна Србија, но и во околните држави познатите спортисти од ден на ден даваат се поголема конкретна помош во справување со корона вирусот.

Последна во низа е поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ која на својата татковина ќе и подари 35 респиратори.

Како што пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед, Ивановиќ дали финансиска поддршка, но и лично се заложила преку своите контакти за набавка на овие преку потребни апарати. Ивановиќ лично преку неколку компании вложила максимални напори респираторите што побргу да бидат набавени и доставени во Србија.