Магазин 19. јуни 2019. / 19:30

АМСМ со важна вест за возачите

АМСМ со важна вест за возачите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.