Магазин 02. март 2019. / 11:05

АМСМ: Градежни работи на патот Охрид – Св. Наум и на делницата Неготино – Демир Капија

АМСМ: Градежни работи на патот Охрид – Св. Наум и на делницата Неготино – Демир Капија

Поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, на делот булевар Туристичка во должина од 3.5 километри, сообраќајот ќе се одвива отежнато. На самото место ќе биде поставена сообраќајна сигнализација.

Од денеска па во следните два дена, од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопштуваат од АМСМ.