Aмериканскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC, Centers for Disease Control and Prevention), oбјави листа која вклучува единаесет симптоми на коронавирусот.
Зголемена телесна температура, кашлица и краток здив беа првите три „официјални“ симптоми.
Дополнети се со затнат нос или течење од носот, мачнина или повраќање, како и дијареја.
За симптомите на списокот, се смета дека се јавуваат два до 14 дена по изложеноста на вирусот, но списокот не го вклучува секој можен симптом на Ковид-19.
На пример, некои пациенти имале невообичаен осип на кожата, а тука е и опаѓање на косата. Официјалниот список постојано ќе се дополнува како ќе пристигнуваат нови информации. Засега на него има само 11 симптоми. А, тоа се:
Зголемена температура и/или треска
Ова е еден од најчестите знаци на Ковид-19. За малку покачена температура се смета дека е над 37,2, покачена над 38, а многу висока над 39.
Кашлица
Пациентите често кашлаат суво. Ова значи дека тие не исфрлаат никакви секрети, слуз или плунка кога кашлаат.
Краток здив
Вообичаено е кај тешки случаи на Ковид-19. Може да варира во сериозноста – од краток здив при нормална активност (како на пример одење по скали) до проблеми со дишењето и во мирување.
Замор
Може да се чувствувате исцрпени, поради борбата на телото против вирусот. Овој напор во одзема дел од енергијата.
Болка во мускулите и по целото тело
Тоа е типичен симптом на други вирусни инфекции, вклучително и грип, и може да биде директен резултат на зголемена температура и треска. Треската може да предизвика болка низ целото тело, како дел од реакцијата на воспалението.
Главоболка
Зголемената температура, може да доведе до долготрајни главоболки. И други несакани ефекти на болеста, како што е слаб сон, јадење мала количина храна и пиење недоволно количество течности, може да предизвика силна главоболка.