Магазин 05. ноември 2020. / 17:54

Американците повеќе пребарувале ресторани за храна отколку изборни резултати

Американците повеќе пребарувале ресторани за храна отколку изборни резултати

Во американската изборна ноќ повеќе била пребарувана разновидна кинеска храна на интернет отколку изборните резултати, покажала статистика на Гугл.

Гледајќи филмови и серии знаеме за страста на Американците да посегнат по брза храна додека седат пред ТВ. Но, кога тоа веќе се практикува за серии или натпревари, зошто да не се јаде нешто додека траат претседателските избори во живо?

Бидејќи “изборната ноќ“ се продолжила на уште еден или два дена, требало да се обезбедат големи количини храна и пијалак кои ќе ги задоволат апетитите на милион Американци.

Гугл објавил статистика за најпоплуларните пребарувања на интернет во САД за време на изборната ноќ меѓу 3 и 4 ноември. Според статистиката на Гугл Трендс двете најпребарувани барања биле: „продавница за пијалак блиску до мене“ и “помфрит близу мене“.

Други прехранбени производи кои биле пребарувани со истата фраза “близу мене“ се: пица, мексиканска храна и суши, наведува Гугл Трендс.

Колку повеќе се засилува трката за место во Белата Куќа, толку повеќе се пребарувале храна и пијалаци.

Интересно е дека пребарувањето “кинеска храна близу до мене“ во еден момент го надминало прашањето “Кој ги добил изборите денес?“.