Магазин 25. мај 2019. / 21:11

Амазон направи алка за препознавање емоции

Амазон направи алка за препознавање емоции

Компанијата Амазон развива алка која што ќе ги препознава човечките емоции, пренесе Иновативност.

Според гласините, станува збор за производ од категоријата велнес и здравје, кој го развиваат компанијата Лаб126 (позната по успешниот и помалку успешниот хардвер на Амазон) и софтверскиот тим кој го развива и гласовниот асистент Алекса.

Алката на Амазон е опремена со микрофони и софтвер кој се базира на човекиот глас и може да препознае емоции како среќа, тага, страв итн. преку апликација поврзана со паметен телефон. Со понатамошен напредок на технологијата оваа технологија ќе може на корисниците да им дава совети за интеракција со другите луѓе. Секако, ако баш сакате алката со вештачка интелигенција да ве советува како да се однесувате.

Освен препознавање на емоциите на луѓето, не е познато дали овој уред ќе има и некои дополнителни можности како следење на здравјето зашто прашање е кој би сакал да носи уред кој не прави ништо друго. Амазон веќе го пријави патентот за тој уред и во тек е негово тестирање, но голем број патенти никогаш не се претвораат во конечен комерцијален производ, така што постои можност никогаш да не биде претставена оваа алaтка.