Поранешниот италијански фудбалер, Алесандро Дел Пјеро, итно е префрлен во болница поради потреба да му биде извршен хируршки зафат за отстранување на камења во бубрезите.
Дел Пиеро, кој со Италија стана светски шампион во 2006 година, на социјалните мрежи сподели слика од болницата во Лос Анџелес.
Не можам да верувам дека нешто со големина од три милиметри може да предизвика толкава болка – напиша Дел Пјеро на Инстаграм, без притоа да објави повеќе детали за својата состојба.
View this post on Instagram