Магазин 30. јануари 2020. / 09:35

Ален Исламовиќ со последен поздрав за Буштур: Вечно ќе останеш во нашите срца Благоја

Ален Исламовиќ со последен поздрав за Буштур: Вечно ќе останеш во нашите срца Благоја

По сообраќајната несреќа во која загина еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Благоја Георгиевски – Буштур, својата тага и сочувство за семејството на социјалните мрежи ги искажа пејачот на групата „Бјело Дугме“, Ален Исламовиќ.

– Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар, Благоја Георгиевски-Буштур. Синоќа се дружевме на заедничка вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочувство за неговата фамилија, пријателите и љубителите на кошарката во македонската кошарка. Вечно ќе останеш во нашите срца Благоја. Ален. – напиша Исламовиќ во последниот поздрав до Буштур.