Американската актерка Рита Вилсон откри дека за време на на нејзиното лекување од Ковид-19, го примала антималарискиот лек Хлорокин и имала сериозни несакани ефекти од него.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги пофали евтиниот лек и неговиот помалку токсичен дериват хидроксихлорокин во борбата против корона вирусот, иако тие сè уште не се одобрени како лек за болеста.
Рита Вилсон и нејзиниот сопруг, актерот Том Хенкс, беа хоспитализирани во Австралија на почетокот на март, откако беа тестирани позитивни на болеста. Според актерката и Хенкс имал поблаги симптоми.
Во интервју за „Ова утро“ на Си-Би-Ес, Вилсон открива дека имала симптоми на вирусот првите неколку дена, меѓи кои замор, болка и температура со „треска што никогаш порано не ја почувствувала“.
Таа додаде дека почнала да го прима антималарискиот лек околу деветтиот ден.
Познато ми е дека луѓето зборуваат за тој лек. Јас лично можам да кажам дека не знам дали лекот делуваше или едноставно дојде времето треската да ми помине. Таа навистина помина, но хлорокинот имаше ужасни несакани ефекти. Постојано ми се гадеше, имав вртоглавици, не можев да одам, ги чувствував мускулите многу слаби. Мислам дека луѓето треба да бидат многу внимателни со тој лек. Всушност не знаеме дали делува во овој случај – вели Вилсон.
Таа и сопругот Хенск дарувале крв за да помогнат за истражување на вирусот.