Магазин 25. ноември 2019. / 12:34

Ако сакате викенд куќа на Пониква, општина Пробиштип ќе нуди парцели на продажба

Ако сакате викенд куќа на Пониква, општина Пробиштип ќе нуди парцели на продажба

Новиот Урбанистички план за ски-центарот Пониква предвидува нови 200 викенд куќи, најави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Планот е изготвен и се чека на негово одобрување. Тој истакна дека покрај тоа што се предвидени парцели за викенд куќи во овој план има и парцели за десет хотели и угостителски објекти.

-Ако сакаме развој на зимскиот туризам мораме да предвидеме вакви маркици за градба. Меѓутоа за развојот на Пониква ни е потребна помош од странски донатори или помош од Владата, бидејќи Пониква е значајна во нашиот регион, вели Анатсасов.

Сметка дека локалните власти на Кочани и Пробиштип досега имаат направено повеќе инвестиции, но какошто вели тоа не е доволно. Потребна им е финансика помош да се реши колекторскиот систем, канализационата мрежа и недоизградената инфраструктура на Пониква.

Анастасов најави дека по неколку години решен е техничкиот проблем со топовите за правење на вештачки снег, а ќе бидат пуштени во декември.