Агенса Ораноска, поранешната сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски го промени презимето на профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, два дена откако Орданоски ја објави веста за разводот.
Инаку, Орданоски во јавен пост со роденденска честитка до неговата ќерка за нејзиниот 17-ти роденден, со јавноста сподели дека сега кога веќе не е директор и не е во можност да и ги исполнува, како што напиша, мегаломански желби и потреби неговата жена, Агнеса подготвува документи за развод.
Со својата страна од приказната се огласи и наскоро поранешната сопруга на Орданоски, Агнеса, која рече дека не може да се смири и дека пие дијазепам.
Но, веќе денеска Агнеса одлучи да го промени презимето на социјалните мрежи и сега е Органџиева.