На социјалните мрежи Аца Лукас соопшти дека ги откажува концертите, поради како што пишува „ограничувањата поради вирусот, и како здравјето на публиката е приоритет“.
Најпрвин беше откажан концертот во Србија поради ситуацијата со коронавирусот, кој на 10 јули требаше да се одржи во Бања Лука заедно со Ана Николиќ, а сега е откажан и настапот во Охрид.
На страницата на пејачот, во блиска иднина не се закажани други настапи. Дури во месец октомври има најава за гостување во Минхен, Германија, заедно со Драгана Мирковиќ и Дарко Лазиќ.