Регионалното кошаркарско натпреварување АБА лигата која во март беше прекината поради пандемијата на корона вирусот нема да продолжи.
Оваа одлука е речиси сигурна, а останува само да биде официјално објавена. Првенството завршува без прогласување шампион и без испаѓање.
Прогласувањето крај на сезоната значи дека македонскиот претставник во ова натпреварување, МЗТ Скопје, ќе остане во понизок ранг на натшпреврување, АБА 2.
И во АБА 2 лигата е прогласен крај на сезоната. „Штрковите“ пред почетокот на плејофот беа на третото место, што значи дека и догодина ќе играат во АБА 2, бидејќи во најквалитетното друштво одат двете првопласирани екипи Борац Чачак и Сплит.