Магазин 21. август 2020. / 15:51

Бебе старо само две недели најмладиот пациент заболен од Ковид-19 во Македонија

Бебе старо само две недели најмладиот пациент заболен од Ковид-19 во Македонија

Бебе кое било старо две недели е најмалиот пациент со Ковид 19 во Македонија,  објави Канал 5.

Детето е примено пред еден месец кога имало две недели, во исклучително тешка здравствена состојба не поради Ковид – 19, туку поради компликации што детето ги добило по обрежување.

По првата помош што му била дадена на детска хирургија детето е примено на Клиниката за детски болести.

Откако се стабилизирало заминало во ковид центарот во Козле и денеска е во добра здравствена состојба.