На денешен ден 1939 година во Самобор во близина на Загреб е отпечатена стихозбирката Бели мугри од Кочо Рацин. Таа е составена од 12 песни напишани на велешки говор под влијание на народната поезија.
Објавувањето на збирката е значаен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ. Во неа, Рацин создал антологиски песни со различни мотиви- аргатски, печалбарски, патриотски, револуционерни: Ленка, Денови, Печал, Тутуноберачите, Копачите, циклусот песни На Струга дуќан да имам, Елегии за тебе и други.
Книгата била отпечатена илегално во печатницата на Драгутин Шпулер во 4000 примероци. Набрзо била растурена низ тогашна кралска Југославија и во Пиринска Македонија и доживеала голем успех. Секоја година Заедницата на Македонците во Хрватска го одбележува Денот на Рацин во Самобор.
Еве како беше одбележан овој настан годинава во Хрватска: