По двомечот со Кувајт во Србија, машката ракометна репрезентација на Македонија е во Букурешт, каде настапува на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“.
Во првиот натпревар избраниците на Данило Брестовац го победија Алжир со 25-24.
Иако во првиот дел имаат и шест гола предност (15-9) сепак во вториот Алжирците се вратија во игра, но благодарение на одбраната на Митрески во последниот нивни напад, сепак македонските ракометари беа оние кои на крајот се радуваа со конечни 25-24.
Митрески средбата ја заврши со 8 одбрани, а најефикасен во нашата репрезентација беше Танкоски кој постигна 8 гола, додека Поповски придодаде 4.
Македонија на овие натпревари е без носителите на играта кои подготовките за Европскиот шампионат ќе ги започнат по новогодишните празници, па оттаму овие дуели на Брестовац ќе ми послужат да провери и реши на кои ракометари ќе им даде шанса да ги продолжат подготовките, односно кои ќе имаат можност да играат на шампионатот, кој црвено-жолтите ќе го започнат на 10 јануари со дуелот против Украина.
Инаку, утре во финалето нашата селекција ќе игра со подобриот од дуелот меѓу домаќинот во Романија селекцијата на Холандија.