Магазин 18. декември 2019. / 22:30

Божикниот хит на Мараја Кери после 25 години конечно на врвот на „Билборд хот 100″

Божикниот хит на Мараја Кери после 25 години конечно на врвот на „Билборд хот 100″

Мараја Кери со својата песна „All I Want For Christmas is You” стигна на самиот врв на „Билборд хот 100″ листата, 25 години по објавувањето.

Мараја песната ја издаде во 1994 година, која не ја објави како сингл и не можеше да се натпреварува за Билборд списокот.

Кога правилата се сменија, во 2000 година, нејзината песна беше меѓу 100-те најслушани песни за прв пат, а во последните години полека се искачи на врвот.

– Ние го сторивме тоа, напиша пејачката на Твитер со емотиконот на своето срце и плачот на среќа.

На Мараја Кери ова ѝ е 19. пат со нејзина песна да биде на првото место на „Билборд хот 100“ листа.