Магазин 10. декември 2019. / 11:15

Во САД женска анаконда се оплоди без мажјак

Во САД женска анаконда се оплоди без мажјак

Во аквариум во областа Нова Англија во САД се родија две анаконди, како резултат од бесполово оплодување (партеногенеза). Ова е вториот забележан случај во историјата, кога змија без учество на мажјак, родила малечки.

Тоа е потврдено и преку ДНК-тест. Анакондата сега има два свои генетски клонови. Имало и други змијулчиња, но тие починале.

Партеногенеза е процес кога организам се развива од јајцеклетка без оплодување. Стручни лица од аквариумот истакнуваат дека овој начин на размножување почесто се сретнува во растителниот свет, а ова е втор случај со анаконда во историјата.